Врз основа на член 24, став 2  и член 63 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02) и член 4 од Одлуката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата –културната манифестација  „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.1/23), а во согласност со Мислењето од Комисијата за разгледување и изготвување мислење на пријави на здруженија на граѓани за организирање и реализирање на културната манифестација „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“ со бр. 02-1034/8 од 24.03.2023 година

Градоначалникот на Општина Велес на ден 27.03.2023 година, донесе

 

             Р Е Ш Е Н И Е

за избор на здружение на граѓани на кое се делегира дел од

надлежноста на Општина Велес во областа на

културата –културната манифестација „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“

 

            Со оваа Решение се врши избор на здружение на граѓани на кое се делегира дел од надлежноста на Општина Велес во областа на културата –културната манифестација „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“ за период  од 3 години.

            За здружение на граѓани на кое ќе се делегира горе неведената надлежност се избира:

  • Здружение за култура, уметност и млади АРТ-ГЕНЕРАТОР Велес

Со избраното здружение ќе се склучи посебен договор  за организација и реализација на делегираната надлежност, начинот и условите за вршење на надлежноста.

За својата работа, вршителот на делегираната надлежност поднесува наративен и финансиски извештај до Градоначалникот и Советот на Општина Велес.

Сите активности за вршење на делегираните надлежности  вршителот ќе ги спроведува во координација со Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот.

За реализација на делегираните надлежности, средствата се определуваат од Буџетот на Општина Велес согласно Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка за тековната година.

            Оваа Решение влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

 

            Со цел да ги направи што подостапни и транспарентни услугите што Општина Велес ги дава на своите граѓани во областа на културата, го искористи законското право за делегирање надлежности и од страна на Советот на Општина Велес беше донесена Одлука за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата –културната манифестација  „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 01/23).

            Согласно ова се објави јавен конкурс, достапен до сите заинтересирани здруженија на граѓани. Потоа посебно формирана комисија ги разгледа доставените пријави и при ова состави записници за својата работа и до Градоначалникот достави Мислење со предлог за избор на здружение на граѓани кое ги исполнува условите да биде избрано за здружение на кое ќе му се  делегира дел од надлежноста на Општина Велес во областа на културата –културната манифестација  „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“.

Согласно даденото Мислење од Комисијата за разгледување и изготвување мислење на пријави на здруженија на граѓани за организирање и реализирање на културната манифестација „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“ со бр. 02-1034/8 од 24.03.2023 година, се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Правна поука:  Против ова решение може да се изјави приговор до Градоначалникот во рок од 8 дена по приемот на ова Решение.

 

Решение