Врз основа на член 24, став 2 и член 63 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02) и член 4 од Одлуката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата –културните манифестации „59. Рацинови средби и 55. Детски Рацинови средби“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 02/22), а во согласност со Мислењето од Комисијата за разгледување и изготвување мислење на пријави на здруженија на граѓани за организирање и реализирање на културните манифестации „59. Рацинови средби и 55. Детски Рацинови средби“ со бр. 02-1601/10 од 18.04.2022 година
Градоначалникот на Општина Велес на ден 19.04.2022година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за избор на здружение на граѓани на кое се делегира дел од
надлежноста на Општина Велес во областа на
културата – културните манифестации „59. Рацинови средби и 55. Детски Рацинови средби“
Со оваа Решение се врши избор на здружение на граѓани на кое се делегира дел од надлежноста на Општина Велес во областа на културата –културните манифестации „59. Рацинови средби и 55. Детски Рацинови средби“ .
За здружение на граѓани на кое ќе се делегира горе неведената надлежност се избира:
- Здружението на граѓани Плус публика Велес
Со избраното здружение ќе се склучи посебен договор за организација и реализација на делегираната надлежност, начинот и условите за вршење на надлежноста.
За својата работа, вршителот на делегираната надлежност поднесува редовни извештаи до Градоначалникот како и годишен извештај до Советот на Општина Велес.
Сите активности за вршење на делегираните надлежности вршителот ќе ги спроведува во координација со општинската администрација и за својата работа одговара пред Градоначалникот на Општина Велес.
За реализација на делегираните надлежности, средствата се определуваат од Буџетот на Општина Велес согласно Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година.
Оваа Решение влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
Со цел да ги направи што подостапни и транспарентни услугите што Општина Велес ги дава на своите граѓани во областа на културата, го искористи законското право за делегирање надлежности и од страна на Советот на Општина Велес беше донесена Одлуката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата – културните манифестации „59. Рацинови средби и 55. Детски Рацинови средби“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 02/22).
Согласно ова се објави јавен конкурс, достапен до сите заинтересирани здруженија на граѓани. Потоа посебно формирана комисија ги разгледа доставените апликации и при ова состави записник за својата работа и до Градоначалникот достави Мислење со предлог за избор на здружение на граѓани кое ги исполнува условите да биде избрано за здружение на кое ќе му се делегира дел од надлежноста на Општина Велес во областа на културата – културните манифестации „59. Рацинови средби и 55. Детски Рацинови средби“.
Согласно даденото Мислење од Комисијата за разгледување и изготвување мислење на пријави на здруженија на граѓани за организирање и реализирање на културните манифестации „59. Рацинови средби и 55. Детски Рацинови средби“ со бр. 02-1601/10 од 18.04.2022 година, се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Правна поука: Против ова решение може да се изјави приговор до Градоначалникот во рок од 8 дена по приемот на ова Решение.
Број 08-1601/11 Градоначалник
19.04.2022год. на Општина Велес
Велес Марко Колев