Во Големата сала на Општина Велес денеска се одржа конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Велес. Со првата седница на Советот претседаваше највозрасниот член, Коста Нојков. На денешната седница не се избра претседател  кој ќе го води советот во наредните четири години. Се избраа претседател и членови на Комисија за верификација на мандатите на новите членови на Советот.

За претседател на верификациона комисија е избран Коста Нојков, а за членови на комисијата советниците ги избраа  Дејан Палашев и Кирил Гајдов.

На конститутивната седница денеска се верификуваа и мандатите на членовите на Советот на Општина Велес. Новите советници дадоа свечена изјава.