Почна реконструкцијата на дел од регионалниот пат кон населба Превалец. Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта денеска започнаа градежните работи за реконструкција на регионалниот пат. Во тек е гребење на стариот асфалт на потегот од пругата до влезот во населбата и поставување на рабници. По завршувањето на подготвителните активности овој дел од патот ќе се асфалтира.






