Во ООУ „Васил Главинов“ во тек се градежни работи на реконструкција на старата со нова енергетски ефикасна фасада. Градоначалникот Колев изврши увид во текот на градежните зафати на училиштето.

Со новата термоизолациона фасада ќе се заштеди топлинска енергија и финансиски средства особено во зимските месеци.

За реконструкција на фасадата се предвидени средства во висина од 8.600.000 денари, обезбедени од блок дотациите на училиштето.

Со дополнителни средства од блок дотации во висина од 1.990.000  денари, во прва времена фаза, се изврши и замена на старите со нови ПВЦ прозорци. Се заменија и 42 прозорци во училниците и 5 прозорци во наставничката канцеларија, во износ од 2.340.000 денари, средства од блок дотации.