Со донација на пилатес топки, амбасадата на Кралството Шпанија се приклучи кон поддршката на Општина Велес како дел од многубројните активности за одбележување на Европската недела на мобилност 2023.
Неговата екселенција, амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија денес оствари работна средба со Градоначалникот Марко Колев, а потоа во ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев” присуствуваше на примопредавањето на донацијата. Домаќините, дечињата од градинката, преку песна и игра се заблагодарија на поддршката и за неговото присуство.
Воедно, во просториите на Младинскиот центар во Велес денес се одржа и интерактивен квиз за млади, насловен „Излези од кола, качи се на точак”, како дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност. На истата присуствуваше и амбасадорот Гарсија.
Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа пилатес топки и соодветни подлоги, велосипеди за деца, топки за разни спортови, останати спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки, наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „Виталиа Никола ДОО”, „Базаро” и ДПТУ „КОЛА“ ДООЕЛ.
Додека пак партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2023 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЕГ „Грин пауер”, ЗГ „Велес бајкинг”, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, ООУ „Рајко Жинзифов”, Горно Оризари, Велес, МВР-СВР Велес, Општинска организација на Црвен крст – Велес, Младински центар Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).