Амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз во прва официјална посета на Општина Велес. На работната средба со градоначалникот Марко Колев беше запознат со мал дел од велешката историја, култура и убавините на градот како и можностите за развој и напредок поради местоположбата на градот. Тема на разговор беше и унапредувањето на взаемната соработка и туристичките можности, а во рамки на посетата во Ликовниот салон се отвори и изложбата „Пикасо можеби јас“ на уметникот Филип Фидановски, инспирирана токму од шпанската уметност.









