Општина Велес и ЈКП „Дервен” со несмалено темпо продолжуваат да ги расчистуваат локациите со отпад на територијата на општината, заради превенција од заразни заболувања, но и за поубав изглед на урбаниот дел од градот.

Активностите не прекинаа ниту за време на првомајските празници кога се чистеа дивите депонии со комунален отпад во близина на Градскиот пазар и дивата депонија во напуштен приватен имот на улица „Вера Циривири”.

Се заврши и со чистење на дивите депонии со градежен шут кои беа утврдени како приоритени за чистење при што се исчистија 1250 м3 градежен шут кој е одложен на депонија.

Веднаш по првомајските празници започна генерално чистење и дезинфекција на рекреативниот центар езеро „Младост”. Активностите се во тек и се очекува да завршат до крајот на неделава.

Општина Велес апелира до граѓаните да водат грижа за животната средина и јавната чистота. Изгледот и хигената на улиците е лицето на секој граѓанин на Велес. Секој од нас значително може да придонесе за поубав и почист град за сите генерации.