Се известуваат граѓаните на општина Велес дека  од Понеделник 23.09.2024 год на улицата Белградска  ќе   започнат  градежни активности  за Реконструкција на дел од улица Белградска – од потегот спој со улица Киро Ќучук до спој со ул Димитрија Чуповски   во должина од околу 750 м .

Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 60  дена .

Во текот на реализација на градежните работи   ќе се користи градежна механизација од различен вид  и обем .  На лице место ќе биде   поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР СВР Велес .

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената  сообраќајна сигнализација во интерес на безбедно  изведување на градежните работи како и безбедно одвивање на сообраќајот , како и да покажат  трпение и разбирање  во текот на изведувањето на работите .