Согласно последните резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 18 и 19 декември 2023 година кога се измерени концентрации од 110,85 μg/m3, односно 115,15 μg/m3.

 

Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/05,  4/13 и 183/17) Прагот за информирање од 100 μg/m3 е надминат.

 

Препораки за граѓаните:

Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено

Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво, а не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците

Да се користи јавниот превоз

Возила да не се користат без поголема потреба

Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,

Да се одложат сите активности на отворено

Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.

 

Доколку има надминување на Прагот на алармирање  во текот на два последователни дена над 150 μg/m3 при стабилна временска прогноза ќе бидат превземени дополнителни вонредни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана.