Почитувани,

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, а по предлог од Министерството за здравство кои се однесуваат на превентива и заштита од вирусот Ковид 19 (Корона вирус), Општина Велес ја известува јавноста дека средбите на граѓаните со градоначалникот на Општина Велес, кои редовно се реализираат секој вторник, во наредниот период од 14 денови нема да се одржуваат.

Преку алатката „Прашај го градоначалникот поставена на официјалната интернет страница на Општина Велес (линк: https://veles.gov.mk/prasaj-go-gradonalnikot/) останува можноста за поставување на конкретно прашање адресирано до градоначалникот или административните служби.

Општина Велес апелира до граѓаните за разбирање, а за воспоставување на редовната пракса на приемниот ден, јавноста ќе биде дополнително известена преку официјалната интернет страница и официјалниот Facebook профил на Општина Велес.

Со цел навремено информирање и завршување на Вашите потреби, можете по електронски пат да стапите во контакт со Општина Велес: