Врз основа на член 62, став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, … и 32/20), член 50, точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл.Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид по
Урбанистички проект за центар на град Велес

Проектниот опфат е лоциран во централно градско подрачје на град Велес. Во непосредна близина на опфатот постои изграден градежен фонд, доминантно со намена за комерцијално-деловни дејности, но исто така и домување. Проектниот опфат претставува Урбанистички проект за инфраструктура за сообраќајно поврзувања на центарот на град Велес, Општина Велес. Исто така, се дефинираат услови за градење за подземна гаража, на земјиште за општа употреба. Проектниот опфат се наоѓа во КО Велес, Општина Велес.

Границата на проектниот опфат е прикажана во графичките прилози и истата изнесува 1.71 ha.

Јавниот увид по Урбанистички проект за центар на град Велес ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на Општина Велес.

Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 22.04. до 06.05.2021 година на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk) .

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.