Врз основа на член 62 став 10 од Законот за и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14),  Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавен увид по

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 2026, дел од КП 2030, дел од КП 2033, дел од КП 2034, дел од КП 2032, КП 2027, КП 2031, КО Оризари вгр, Општина Велес

Граници на опфатот се :

  • Од исток на опфатот со КП 3477, КП 2026, КП 2025 и КП 2033,
  • Од запад на опфатот со КП 2067, КП 2068, КП 2066 и КП 2059,
  • Од север на опфатот со КП 2030, КП 2029 и КП 2028,
  • Од југ на опфатот со КП 2035 и КП 2034.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 38000м2 или 3.8 ха.

Јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 2026, дел од КП 2030, дел од КП 2033, дел од КП 2034, дел од КП 2032, КП 2027, КП 2031, КО Оризари вгр, Општина Велес.

Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 31.05 до 14.06.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес(www.veles.gov.mk).

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења.

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Велес

   Марко Колев

Соопштение

Урбанистички проект