Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2021 година со Одлука бр.25-4333/7 од 13.11.2020 година, од Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета
по  Предлог Детален урбанистички план за дел од Велес – локалитет – дел од УБ 25, УЕ III, Општина Велес

Границата на планскиот опфат е дефинирана помеѓу:

  • на запад – по осовина на ул.”Скопска”
  • на север – по осовина на ул.”Благој Абрашев”
  • на исток – по осовина на река Вардар
  • на југ – по осовина на ул “Илинденска”

Опфатот е со површина од 8791 м2.

Јавната анкета и јавната презентација по Предлог Детален урбанистички план за дел од Велес – локалитет – дел од УБ 25, УЕ III, Општина Велес, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на граѓанскиот центар на Општина Велес и објава на соопштението во две јавни гласила.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од 07.12 до 21.12 2021 год од 7,30 до 15,30 часот во просториите на Општина Велес.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 07.12.2021 година во 10:00 часот во просториите на Општина Велес.