Се информираат жителите на општините Велес и Чашка како и жителите на село Бузалково дека Министерството за здравство во соработка со УСАИД, УНИЦЕФ и СЗО започна со информативен караван за вакцинација под мотото „Заштитени заедно, вакцините делуваат“. На информативниот караван граѓаните ќе добијат информации во врска со важноста на имунизацијата како и бесплатно да се вакцинираат против Ковид 19.
Според распоредот, во текот на утрешниот ден, 21 октомври 2022 година, караванот ќе биде во овие општини и населено место и тоа:
-од 10:00 до 12:00 часот пред Театарот Ј.Х.К Џинот во Велес
-од 12:30 до 14:30 часот на плоштадот во Општина Чашка
-од 15:30 до 17:00 часот во Бузалково
Линк до соопштение од Министерство за здравство: