СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите граѓани дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште(Сл.весник на РМ бр.161/19),иматели на помошен објект,оранжерија или објект за примарна обработка на земјоделски производи можат да поднесат барање за потврдување на бесправен помошен објект, оранжерија или објект за примарна обработка на земјоделски производи најдоцна до 31 јули 2020 година.

Напомена:

1. „Објекти за примарна обработка на земјоделски производи“ се градби наменети за одгледување на добиток и риби, за ветеринарно здравство и здравствена заштита на луѓе, за сместување на опрема за одржување на квалитетот на водата и животната средина, лаборатории, за преработка на примарни земјоделски и сточарски производи и риби, за сместување на опрема за следење на квалитетот и безбедноста на примарните сточарски и земјоделски прозиводи и на производите добиени од нивна преработка, за сместување и одржување на земјоделска механизација, приклучна опрема и други превозни средства и опрема, настрешници, за складирање, физичко обезбедување, оградување на објекти за примарна обработка на земјоделски производи, прием, чување и пакување на примарни земјоделски и сточарски прозиводи и храна за животни, за администрација поврзана со земјоделската дејност, резервоари за вода, продажен простор за прозиводите добиени од земјоделската дејност, за времено сместување, исхрана, едукација, рекреација и продажба на производи за потребите на домаќинставта на лицата ангажирани во производството на примарни и преработени земјоделски и сточарски производи, за производство на вино,собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија, кланички капацитети, за аутопсија на мртов добиток, крематориум за мртов добиток, пречистителни станици, за хидромелиоративни работи изградби наменети за уредување на земјоделското земјиште;

2.Оранжерии“ се градби за произведување на примарни земјоделски производи од растително потекло во заштитен простор поставени на земјоделско земјиште, вклучително и за сместување на опрема за одржување, со контролирани услови за производство во заштитениот простор;

3.“Помошни објекти“ се градби кои служат за засолнување на луѓе и добиток, за времено сместување на земјоделски производи со површина до 500 метри квадратни и максимална висина од 5,5 метри;

ОВОЈ РОК НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ!