Оценката на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко, како што пренесе градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција од дваесет и петтата седница е дека е од средно висок ризик.
Воедно тој апелираше до жителите на Општина Велес, а посебно до младите сограѓани да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита од ширење на Ковид-19.
„Инфицирани од Корона вирусот во Велес и велешко се 352 лица, 296 се оздравени, а 40 се активни случаи”, рече Коцевски.
На домашно лекување се наоѓаат 33 лица, шест се наоѓаат на Инфективното одделение во ЈЗУ Ошта болница, Велес, а едно лице е на Инфективното клиника во Скопје. Вкупната бројка на мртви лица до денес изнесува 16, изјави пред медиумите градоначалникот Коцевски.