Велосипедистите го искористија убавото време и возеа на рекреативната велосипедска тура “Велес MTB Tour 2025” која по 12ти пат во организација на Велес Бајкинг тргна од винаријата Шато Сопот.
Детскиот хор Златно славејче ги разигра и распеа најмалите кои во огромен број дојдоа и се забавуваа заедно со нив.
Вистинско уживање за љубителите на старите автомобили беа изложените олдтајмери кои годинава во најголем број беа присутни на Питијада.
Со вкусна велешка пита, квалитетно македонско вино и одлична музика го заокруживме Фестивалот на велешка пита и вино “ПИТИЈАДА 2025”. Многу возбуда и емоции на концертите на Анета Љумаковска, Либеро Бенд, Викторија Лоба и Бајага и Инструктори кои направија и оваа година да заминеме дома со безброј убави спомени.
Ви благодариме на сите за незаборавната енергија во која живееше Велес овој викенд!
































