Под мотото „Спорт за сите деца – од градинка до матуранти“ се одржа спортски настан во организација на Сојузот на училишен спорт – Велес 2002 со поддршка на Општина Велес. На настанот учествуваа околу 600 деца и ученици од сите градинки, основни и средни училишта од Велес и од соседните општини Чашка и Лозово кои се натпреваруваат во различни категории и спортови.
Целта на спортскиот настан е да се поттикнат здрави навики и физичка активност кај младите, да се промовира употребата на спортски објекти во училиштата.





