Спортските терени во населба Тунел го добија новиот лик. Жителите од овој дел на градот имаат можност да спортуваат и рекреираат во комплетно уреден терен за мал фудбал и за кошарка. Терените се обложени со гумирана подлога а набавени се и нови спортски реквизити. Од страните на терените поставени се трибини за гледачите, како и нова челична ограда висока два метра.
Општина Велес продолжува да инвестира во спортот и спортските активности на граѓаните во сите делови на Велес и населените места.