Со концерт на нашата музичка ѕвезда Мики Секуловски, во Амфитеатар во Младински парк, вечерва стартува „Велешко лето 2025“. Велешани ќе ги забавува младиот актер и стенд ап комичар Стефан Николовски. Програмата на културната манифестација е богата со разновидни содржини и настани од областа на музиката , литературата, ликовната, филмската и друг вид на уметности. Настаните ќе се одржат на различни локации низ градот со што ќе бидат достапни до сите граѓани на Велес и пошироко.

Општина Велес неделно ќе ја објавува програмата на „Велешко лето“ исполнета со разновидни настани на различни локации во градот.