Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купена инвертер клима („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 08/22), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купенa инвертер клима за 2023 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 08/23), Општина Велес објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на физички лица за купенa
инвертер клима за 2023 година
- Опис на јавниот повик
Општина Велес на физичките лица кои ќе купат инвертер клима од денот на објавувањето на Јавниот повик 03.05.2023г., заклучно со 02.06.2023г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување на инвертер клима.
На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на инвертер клима во висина од 30% од вредноста на инвертер клима, но не повеќе од 15.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
- Право на учество на јавниот повик
Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат инвертер клима од денот на објавата на Јавниот повик па се до 02.06.2023г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
- Услови што треба да ги исполни барателот
Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:
- да е жител на Општина Велес;
- да нема добиено финансиски средства за набавка на Инвертер клима уред од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ);
- Инвертер клима уредот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
- само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок;
- набавените уреди задолжително да ги имаат најмалку следните карактеристики: да имаат најмалку COP 3.2, да греат на надворешна температура од -15°C и бидат најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;
- потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран инверетер клима уредот, заклучно со 2022 год.
- Доказот за набавен –купен Инвертер клима уредот (фискална сметка), со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик.
- Достава на документи по јавниот повик
Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:
- барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk);
- фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес;
- изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на Инвертер клима уред на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината);
- доказ за сопственост на објектот во е вграден Инвертер клима уредот;
- фотокопија од трансакциска сметка на барателот;
- доказ -фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик;
- потврда од фирмата-продавач на Инвертер клима уредот за гарантирани минимум карактеристики (со приложување на копија од спецификација за купениот уред како составен дел кон потврдата);
- потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиранa инвертер климата заклучно со 2022 година.
Барањето за надоместување на дел од трошоците за купена инвертер клима, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. „Панко Брашнар“ бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.
На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување на инвертер клима”.
На барателот со доставувањето на пликот во архива ќе му биде издаден архивски број со дата и час на достава на барањето.
- Начин на спроведување на Јавниот повик
Јавниот повик го распишува Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купена инвертер клима, формирана од Советот на Општина Велес.
По завршувањето на јавниот повик, Комисијата на своја седница ги разгледува сите пристигнати барања и сите уредни и комплетни барања ќе бидат дел од системот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
Некомплетните барања нема да бидат предмет на понатамошна постапка.
Постапката за избор на барања „со извлекување по случаен избор – транспарентно“, Комисијата ќе ја спроведе во рок од 15 дена по завршувањето на рокот за достава на барања.
Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.
- Начин на остварување на правото на надоместок
Кај барателите кој по случаен избор ќе бидат извлечени, Комисијата врши увид дека инвертер клима е купена и инсталирана во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.
Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталирана инвертер клима.
Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.
Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањата кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и ја објавува листата на физички лица кои го добиле правото да бидат субвенционирани за дел од трошоците направени при набавка на инвертер клима. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.
Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањата кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.