Во тек се последните подготовки за стартот на атлетската трка во чест на Рацин во Велес. Во организација на Здружението АК Борец и годинава сите професионални и рекреативни атлетичари ќе можат да учествуваат во трката и да си ги измерат силите на 5 и 10 километри. Во чест на Рацин и годинава ќе се организира детска трка во која ќе можат да учествуваат сите заинтересирани деца.