Во рамки на кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство, денеска во Градскиот парк се одржа ревијална трка во брзо одење „ПРВ КРУГ СЕГА“. На трката учествува градоначалникот Колев, членови на советот на Општина Велес, претставници на Организацијата на жени на Велес, претставници на општинската администрација, на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажи и жени и заинтересирани граѓани. Кампањата се реализира под мотото „Опортокалови го светот: Стави крај на родово базирано насилство.
На најбрзите три учеснички, Организацијата на жени им додели благодарници, за несебичната поддршка што ја даваат благодарници добија и градоначалникот Марко Колев и претседателката на Комисијата за еднакви можности Весна Атанасовска.
Настанот е со цел да прерасне во традиционелен со тоа што следната година учество да земат и претставници од општините во Врадарски плански регион.
Во рамки на кампањата ќе се одржат низа активности за зајакнување на јавната свест за превенција и спречување на родово базирано насилство.