Во спортската сала „Гемиџии“ денеска се одржа традиционалниот турнир на ракометни великани 2022.
На трурнирот учествуваа четири екипи, Борец ветерани Велес, Репрезентација на Македонија Скопје, ветераните од Повардарие Неготино и ракометните ветерани Кастриоти од Урошевац.
Ракометарите ветерани си ги одмерија силите на спортскиот терен во три одделни утакмици и покажаа забележителни резултати.
Во знак на благодарност за несебичното вложување во развојот на ракометниот спорт, постхумно им беа доделени спомен плакети на ракометните великани Славе Анастасовски, Петре Тутарков, Тони Шопов и Ромче Васков. Спомен плакета му беше врачена и на Илинденко Стровјанов како претседател на ракометниот клуб Борец во неговите најславни времиња.
Турнирот на ракометни великани се одржа во организација на Здружението на спортски ветерани на Велес со поддршка на Општина Велес, Федерација на спортски ветерани на Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Со овој спортски настан започна одбележувањето на 78 годишнината од ослободувањето на Велес, 9 Ноември.