Турнир во мал фудбал ќе се одржи во организација на Општина Велес и тренер Панче Нанев. Во тек е пријавувањето на млади таленти на официјалната страна на Детски фудбалски турнир 2025 и ќе трае до 13 јули. За учество и информации заинтересираните можат да се јават и на телефонскиот број 078 390 044.

Најмладите талентирани фудбалери ќе имаат можност да покажат спортски дух, посветеност и љубов кон фудбалот  на турнирот во мал фудбал. Идните шампиони од генерацијата 2010/2011 година и помали ќе си ги измерат силите во фер игра која ќе биде пропратена со многу забава и дружење.