Дваесет и пет члена делегација на Турција предводена од Министерот за земјоделство и шумарство во Владата на Република Турција, Беќир Пакдемирли и Почесниот конзул на Турција во Република Северна Македонија, Абдураи Бајрактар денеска беа во посета на Велес. Гостите заедно со Градоначалникот Коцевски ги посетија најзначајните спомен-обележја поврзани со отоманскиот период во Велес.
Најпрво делегацијата го посети споменикот на Кемал Ататурк во Паркот на пријателството.
Интересен за разгледување на турската делегација беше и Градскиот Саат, кулата изградена во 17 век чија првобитна намена била за стражарска кула за што сведочат и трите отвори пушкарници.
Следна дестинација беше родната куќа на Хамди Бег, херојот на Република Турција, роден во Велес и турското училиште што се наоѓаат на улица „Коле Цветков“.
На инсистирање на турскиот министер, делегацијата го посети и теќето што се наоѓа во непосредна близина на Потокот, место кое било интересно за министерот по кажувањата на негови сонародници.