Утрово заплови 25 Варадарска регата до Солун. Педесетина учесници на регатата тргнаа од Мало Мовче и шест дена ќе пловат низ Вардар. Тие и годинава ќе го следат трговскиот и револуционерниот пат на Гемиџиите. На своето патешествие низ водите на Вардар ги испрати градоначалникот Марко Колев и им посака успешна пловидба и пристигнување на целта.
Пред да тргнат на пловидба, учесниците положија свежо цвеќе на споменикот посветен на ќетиринаесетмината гемиџии кои под казузата „Се арчиме за Македонија“ го дадоа животот за Македонија. Почит оддадоа делегации на Општина Велес и јавни институции.
Вардарската регата е во организација на Извиднички одред „Димитар Влахов“.


















