Учениците од основните училишта во Велес и околните населени места денеска се вклучија во акцијата за собирање и селектирање на отпад „Генералка викенд“. Учениците и вработените на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ кои реализираат настава со физичко присуство, денеска во задниот двор на училиштето собраа 20 килограми пластичен отпад и 99 килограми стара хартија.
Успешна акција имаа и учениците од општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ на која собраа 47 килограми пластика, пет вреќи отпад и електронски отпад.
Во акцијата се вклучија учениците од општинското основно училиште „Панко Брашнаров“, во која се собрани околу 300 пластични шишиња отпад, учениците од ПОУ „Маца Овчарова“ и учениците од ООУ,,Стоја Бурчевски Буридан”.
На еко акцијата во општинското основно училиште „Блаже Конески“ учениците собрале 20 килограми пластичен отпад, 10 килограми батерии и 10 килограми хартија.
Акцијата „Генералка викенд“ продолжува и викендот. На денешната акција комуналните работници на ЈКП „Дервен“ собрале 57 кубни метри габаритен отпад.