Општини посветени на децата е темата на дводневната обука што се одржа во хотел Романтик во организација на Прва детска амбасада Меѓаши и Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје. Обуката се реализираше во две групи во кои учествуваа претставници на општина Велес и претставници на образовните институции во градот како и од детската градинка Димче Мирчев. Во рамки на проектот се опфатени правата на децата според Конвенцијата за права на детето и националното законодавство. На обуката се дискутираше за детското присуство во општествените текови, улогата на општините во остварување на детските права како и за механизмите за унапредување на правата на децата. Општина Велес е пример за општина која активно се ангажира во остварување на правата на децата преку формирање на тела кои практикуваат младинско учество и младински политики, младински совет, општински совет за превенција на детско претстапништво, социјален совет. Истовремено се дискутираше и за улогата на општината во превенција на детско претстапништво и врсничко насилство. Целта на проектот е да се увидат јаките страни на општината како и предизвиците за подобрување на состојбата на детските права, истакна Блерта Ахмеди, професор на правен факултет – Универзитет на Југоисточна Европа, обучувач на проектот. Проектот се реализира во пет општини, Велес, Виница, Дебар, Гостивар и Кисела Вода.