Уникатни рачни изработки и украси што го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден се изложени на тезгите во Младински парк, изработени од вештите раце на велешките ракотворци. Ним денеска им се придружија и учениците од основните и средните училишта и градинката „Димче Мирчев“, кои со своите рачно изработени предмети и украси ги привлекоа граѓаните да си купат уникатен производ за Велигден.
Велигденскиот базар, во организација на Општина Велес, почна на 22 април и ќе трае до 30 април. Граѓаните имаат можност да си купат уникатни ракотворби за престојните велигденски празници.