Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид по
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела на дел од КП бр. 660 КО Сојаклари, Општина Велес, со намена А4.3 – семејни куќи за времен престој-викенд куќи
Граници на опфатот за КП бр. 660, КО Сојаклари се:
– На исток опфатот се граничи со КП 667/1 и КП 667/2;
– На север опфатот се граничи со КП 659;
– На запад опфатот се граничи со КП 655/2;
– На југ опфатот се граничи со КП 661.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 6700м2 или 0,67 ха.
Јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела на дел од КП бр. 660 КО Сојаклари, Општина Велес, со намена А4.3 – семејни куќи за времен престој-викенд куќи.
Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 22.11.2022 до 10.12.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.