Започнаа градежни зафати за реконструкција на делницата од кружен тек кај мостот Гемиџии кон бензиската пумпа Лукоил. Во тек е гребење на стариот асфалт по што ќе следи асфалтирање на делницата.

Општина Велес упатува благодарност до Јавното претпријатие за државни патишта кои обезбедија финансиски средства за реконструкција на делницата и до Македонија пат – Подружница Велес за изведба на градежните активности на терен.