Денес во Општина Велес се одржаа јавни расправи по нацрт програмите за 2026 година на кои сите присутни имаа прилика да ги кажат своите предлози и мислења. Согласно можностите сите забелешки во периодот кој следува ќе се вградат во предлог програмите за наредната година.
Непосредната комуникација со сите граѓани е исклучително важна, зашто само заедно може да креираме програми за добробит на сите нас.