Денеска се навршуваат 155 години од раѓањето на велешкиот револуционер и поборник за работнички права Васил Главинов. По тој повод делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев и советници во општинскиот совет како и делегации на институции, положија свежо цвеќе пред спомен бистата на Главинов во дворот на основното училиште што го носи неговото име.

Васил Главинов е основач на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на работничките права и идеите за социјална и национална слобода.

Во чест на патронот училиштето организираше повеќе литературни, ликовни и спортски активности.