Се прават последните подготовки за третото издание на Велешките спортски игри што ќе се одржат од 4 до 8 јуни во Градскиот парк. Над 500 натпреварувачи годинава ќе учествуваат на спортските игри на терените во паркот. Ќе се натпреваруваат во фудбал, тенис, одбојка на песок, е-спорт и 3×3 баскет кој за прв пат годинава ќе се одвива по официјални ФИБА правила кои ќе придонесат ова да биде еден од најквалитетните турнири во Македонија. Покрај домашните спортисти, на терен, граѓаните ќе имаат можност да видат и над 50 интернационални спортисти и репрезентативци од Шпанија, Италија, Србија, Црна Гора, Украина и Грција.
Спортските игри секоја година привлекуваат голем број на посетители. Организаторот спортско здружение СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС и годинава ќе се потруди овие спортски игри да добијат огромна публика од сите возрасти.
Општина Велес продолжува и во иднина со поддршка на вакви и слични спортски настани во градот.