Со стихови и хумористични афоризми од секојдневниот живот и вечната инспирација, љубовта, на дванаесеттата по ред „Велешка поетска вечер“, која се одржа во кругот на ООУ „Васил Главинов“, се претставија реномирани писатели, поети и афористичари од Здруженијата на писатели и клубови од Велес, Скопје, Прилеп, Кичево, Кочани, Охрид, Штип и Демир Хисар.
Културната манифестација ја организира клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и е поддржана од Општина Велес.
„Велешка поетска вечер“ е манифестација со реноме и традиција и е дел од велешката култура. Годинава се реализира во рамки на „Велешко лето 2021“.