Општина Велес во соработка со ЗГ „Велес бајкинг” денес организираше велосипедска рекреативна тура до езеро „Младост”.
Волонтерите на ЗГ „Велес бајкинг” ја извозеа патеката од центарот на градот до езерото „Младост” и назад, во вкупна должина од 20 км, со што го промовираа велосипедот како алтернативно превозно средство и дадоа акцент на здравиот живот.
Во рамки на Европската недела на мобилност 2021, во две фази, на три локации на езеро „Младост” исто така беа поставени нови велосипедски станици (држачи за велосипеди), кои ги изработи ЈКП „Дервен”.
Општина Велес продолжува со заложбите за зголемување на капацитетите за паркирање на велосипеди.
Оваа активност е дел од седумдневните настани со кои Општина Велес годинава ја одбележува Европската недела на мобилност 2021, која ќе биде заокружена на 22 септември (среда) со реализација на завршниот настан кога ќе се одбележи Денот без автомобили.
Сите активности се реализираат според објавените и пропишани мерки и протоколи за заштита и превенција од Ковид-19, а детали за истите може да се најдат на интернет страната на општината и на социјалните медиуми.
Поради временските услови дел од велосипедските држачи ќе бидат поставени во наредниот период.