Како дел од програмата на Велешко лето 2024, вечерва ќе се одржи Велосипедски хепенинг на Здружението Велес Бајкинг. Настанот ќе се одржи на памптрак патеката во Градски парк со почеток во 20 часот. Велосипедскиот хепенинг се состои од натпревар во техничко-брзинско возење во должина од три круга во неколку категории, каде учесниците ќе ги покажат своите  вештини во совладување на патеката. За време на овој настан ќе има и бесплатно сревисирање на велосипеди, обука за најмладите за правилно сервисирање на велосипедите.

Заинтересираните кои сакаат да бидат дел од овој настан, посебно за трката, потребно е да се пријават на фан страната на Велес Бајкинг.

Акцијата „Донирај велосипед“  се уште трае и сите кои имаат можност да донираат да ги контактираат членовите на Здружението Велес Бајкинг.

Настанот ќе биде заокружен со забава за учесниците со диџеј.

Инаку настанот е дел од проектот финансиран од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд, реализиран од страна на Здружението Велес Бајкинг во партнерство со Општина Велес, СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“.