Викендов, по четврти пат во Велес ќе се одржи Фестивалот на џез, world  и современа музика. И годинава фестивалот ќе изобилува со богата програма за сечиј вкус. Фестивалот има интернационален карактер со учесници од Македонија, Америка и Грција, а на големо изненадување на љубителите на ваков вид на музика, годинава, ќе настапи македонскиот рок, поп и џез музичар Влатко Стефановски кој со својот бенд ќе одржи концерт во сабота на сцената на велешки театар од 21 часот.

Сите настапи, концерти, работилници изложби кои се дел од програмата на фестивалот ќе се одржат од 25 до 28 септември во театарот Ј.Х.К.Џинот и на платото пред Спомен Костурницата. Фестивалот е во организација на Здружението на граѓани Арт Генератор од Велес.