Во исклучително тешки услови и на есктремно високи температури, во неделата, 7 јули, се одржа првата Ендуро трка од државниот шампионат во Ендуро за 2024 година. Петнаесетина возачи од домашни и странски клубови се тркаа на патеката на велешко езеро Младост. За да стигнат до целта требаше да извозат два круга по 40 километри.
На првата ендуро првото место и златниот пехар во Е -1 класа го освои Драган Ванов од МК Мото Велес.
Второто место му припадна на Мартин Караколев од Ендуро Тим Водно од Скопје, додека трет беше Драган Зафировски од Мото Велес.
Во Е-2 класата прв беше Али Керим од МК Хиенад Ендуро од Тетово, а втор во истата класа е неговиот клупски колега Егзон Металиу.
Во Е-3 класата прв е Самет Имери од МК Мото Велес, втор Рами Салихи од МК Хиенад Ендуро, а трет Виктор Ефремов од МК Мото Велес.
Победник во Е-Ј јуниор класата беше Давид Крстевски од МК Мото Велес.
Претседателот на мото клубот „Мото Велес“ Сашко Ванов им се заблагодарува на сите учесници кои покажаа вистинска храброст да ја извозат патеката и да стигнат до целта. Изрази благодарност и до сите кои помогнаа да се реализира овој адреналински спорт.
Организатор на овој адреналински спорт е мото клубот „Мото Велес“ и Општина Велес.