Во Големата сала на Општина Велес денеска беше презентиран Системот за следење на кариерите на дипломираните ученици, воспоставен од Министерството за образование и наука, во рамки на проектот „ЕУ за млади“, финансиран од Европската унија.
Презентацијата ја следеа директори, наставници и ученици од Велес, Куманово, Кавадарци, Неготино и Крива Паланка.
Системот нуди можност учениците кои годинава ќе го завршат своето средно стручно образование да се регистрираат и да ги следат кариерите на дипломираните. Неговата намена е да се следи и анализира колку добро напредуваат матурантите односно обучените возрасни лица со знаењата и вештините што ги стекнале во средно училиште и дали им треба дополнителна помош. Системот обезбедува информации за надлежните институции поврзани со успешноста на учениците на пазарот на трудот, повратни информации за квалитетот на стручното образование и обука и можност за адаптација на образовните програми во склад со потребите на пазарот на трудот.