Членовите на ЗГ „Велес бајкинг” од Велес и останати љубители на велосипедизмот, вчера во попладневните часови, а во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2023 (ЕНМ 2023), со возење велосипед по карактеристичните велешки улици и сокаци, маалските плоштади на Којник и Јурија, ги посетија Спомен-куќите на познатите великани Кочо Рацин и Васил Главинов, како и Спомен-куќата на семејството Касапови, познатата „Куќа што лебди” и Спомен-костурницата.
Вело-турата, што Општина Велес ја организираше во соработка со ЗГ „Велес бајкинг” е дел од бројните настани и активности за одбележување на ЕНМ 2023.
Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа пилатес топки и соодветни подлоги, велосипеди за деца, топки за разни спортови, останати спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки, наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „Виталиа Никола ДОО”, „Базаро” и ДПТУ „КОЛА“ ДООЕЛ.
Додека пак партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2023 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЕГ „Грин пауер”, ЗГ „Велес бајкинг”, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, ООУ „Рајко Жинзифов”, Горно Оризари, Велес, МВР-СВР Велес, Општинска организација на Црвен крст – Велес, Младински центар Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).
Детални информации за секој настан можат да се најдат на интернет страницата на Општина Велес.