Општинскиот Совет за превенција од детско претставништво денеска ја одржа својата редовна седница на која се дискутираше за активностите во рамки на програмата чија цел е спречување на деструктивен облик на однесување на децата. Акцент на седницата се стави на врсничкото насилство кое сè почесто се јавува меѓу децата во училиштата. Потоа се разговараше и за другите видови облици на насилство како булинг и сајбер насилство.
Претседателката на Советот за превенција од детско претстапништво, Менче Андреева, пред членовите на советот го изнесе предлогот на проф.др. Ѓорѓина Ќимова да се реализира вебинар на тема емоционално насилство и како да се надмине, во кој ќе се вклучат родителите и наставниците.