Градоначалникот на Општина Велес објавува:

 

В Т О Р    Ј А В Е Н   П О В И К

за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана  минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на општина Велес

 

Се повикуваат невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани за извршување на јавни работи на територија на општина Велес од типот на чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба да поднесат барање до архивата на општина Велес.

Вториот Јавен повик се објавува заради покажан интерес од страна на жители на Општина Велес и потребата на Општина Велес од ангажирање на дополнителен број на лица за извршување на јавни работи во времетраење од максимум 5 месеци, заклучно со 31.12.2025г.

Општина Велес преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а овие активности се од интерес на целата локална заедница.

Право на учество на јавниот повик имаат лицата кои ги исполнуваат следните услови:

-корисници на гарантирана минимална помош,

-невработени лица,

-жители на територијата на Општина Велес

Временскиот период за ангажман на овие лица е со времетраење најмногу  од 5 месеци и заклучно со 31.12.2025 год, сметано од денот на потпишување на договорот, а месечниот надоместок ќе изнесува 20.000,оо денари со вклучен персонален данок за секое ангажирано лице.

Потребните документи:

-Барање (од архива на општина Велес)

-Фотокопија од лична карта

-Потврда (дека лицето е корисник на социјална помош или невработено лице),

-фотокопија од трансакциона сметка

Погоре наведените документи кандидатите треба да ги достават во Архива на Општина Велес, секој работен ден од  18.07.2025 год. до 25.07.2025 год. во период од 08:00 часот до 15:00 часот.

Изборот на пријавените кандидати ќе го спроведува Комисијата формирана со Решение од страна на Градоначалникот на Општина Велес.