Последниот викенд од годинава помина во прекрасна атмосфера на Винтерфест Велес во Младински парк. Стотици граѓани уживаа во предновогодишната магија и се забавуваа со звуците на македонската поп музика на Ѓоко Таневски и Дани Димитровска како и на музичките сетови на бројни диџеј имиња. Најголема радост сепак имаше кај најмладите кога пристигна Дедио Мраз и подели повеќе од 2000 новогодишни пакетчиња.
Покрај музичкиот дел велешани уживаа во вкусна храна, греано вино, топла ракија и печени костени.
Велес Винтерфест завршува вечерва. Општина Велес ги поканува граѓаните на уште едно предновогодишно дружење и забава.