Спортскиот комплекс во ООУ „Васил Главинов“ ќе добие нов лик. Започнаа градежните работи за реконструкција на терените во дворот на училиштето. Во тек се земјени работи и отстранување на старата подлога.
Со овој проект учениците и граѓаните ќе добијат современи терени за фудбал и кошарка односно уште еден повеќенаменски спортски терен. Просторот дополнително ќе биде опремен и со фитнес зона.
Општина Велес продолжува со инвестиции во спортот и во здравјето на граѓаните.