Заврши изградбата на фекалната канализација во населба Речани со што се реши повеќегодишен проблем на жителите. Фекалната канализација е во должина од 560 метри и со неа ќе се врши канализирање и на фекалните води кои преку цевковод дотекуваат од Дурутовец и Чалошево.

Средствата за изградба на оваа подземна инфраструктурна мрежа се обезбедени од министерството за животна средина.