Со донации во велосипеди, топки, спортски реквизити, маички и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност.
Донациите беа поделени во ОЈУДГ „Димче Мирчев” и во сите четири општински основни училишта во градот.
Европската недела на мобилност 2021 несебично ја помогнаа општествено одговорните компании „Еуро-Фарм”, „Маркарт Македонија”, ДПТУ „Жито” ДООЕЛ, Велес, „Стокомак”, „Жива Фарм”, Клиника „Жан Митрев”, „Мон Жан” и „Виталиа”. Додека партнери на истата се Делегацијата на Европска Унија во Скопје, МВР-СВР Велес и ЗГ „Велес Бајкинг”.
Општина Велес ќе ја заокружи Европската недела на мобилност 2021 утре, 22 септември, кога ќе се одбележи меѓународниот Ден без автомобили.