Успешна летна приказна за социјална инклузија на деца и млади од Општина Велес

(Велес,07.08.2022 година) – Меѓуопштинското здружение за лица со телесен инвалидитет за општините Велес, Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ, Велес во рамки на Проектот: „Заедно сме подобри“, во периодот од 07.08 до 14.08.2022 г. се реализираше Летен инклузивен камп во Љубаништа. Кампот е наменет за деца и млади од општина Велес и на него присуствуваа 20 деца и млади со типичен и атипичен развој, со различен социјален статус. Активностите на кампот ги опфаќаат следните сегменти: работилници за вештини, водени лудории, спортски активности, квиз, забава, палење логорски оган, гледање едукативни филмови, екскурзии – посети на локалните атракции и секако дневна програма за вежбање.

Проектот „Заедно сме подобри“ на Здружението МОБИЛОСТ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Под слоганот „Сакаме и можеме“, за време на седумдневниот камп, учесниците  можеа  да се дружат, меѓусебно да се запознаваат, да ги откриваат своите можности, да ги запознаат можностите и пречките со кои секојдневно се сретнуваат младите со атипичен развој. Дополнително, имаа можност да творат и креативно да се изразат, како еден од начините за подобрување на менталното здравје и развивање нови видици за гледање на светот и општеството.

Ги поттикнуваме и ги охрабруваме сите деца и млади лица, правилно и рационално да го користат своето слободно време со планирани инклузивни активности од забавен, рекреативен и едукативен каратер. Да ги искористат природните убавини и сите ресурси кои нѝ ги нуди општината, да ја развиваат социјалната инклузија и активно да придонесат кон подобрување на сликата на општината како современа иклузивна заедница.

Лице за контакт: Миланчо Арсовски, проектен координатор и претседател на МЗЛТИ Мобилност, Велес – 078552522.

                          

 

 

Funded by the

European Union

 

Проектот „Заедно сме подобри“ на Здружението МОБИЛНОСТ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).